Основна дејност на ФИВА Дооел – Штип е царинско застапување при постапка на увоз и извоз на стока во и од територијата на Р.Македонија. Друштвото за трговија и шпедиција ФИВА ДООЕЛ е основано во 1993 година. Друштвото е во приватна сопственост чија основна дејност е посредување, застапување во царински постапки, давање на консултативни услуги во врска со царинско посредување , подготвување и изготвување на царинската документација. Сите овие постапки друштвото ги извршува на завидно ниво со стручен и лиценциран кадар.

ФИВА ДООЕЛ поседува одобрение за локално царинење при извоз во секое време 24/7


ФИВА ДООЕЛ со тим на стручни програмери има изготвено софтвер за Привремен увоз за облагородување ДЕЛФИН II. Повеќе инфо за софтверот на email info@delfin2.mk или пак на веб страната www.delfin2.mk